Заврши конститутивната седница на Собранието

Со 62 гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан, Собранието ги изгласа претседателот, заменик- претседателот, членовите и нивните заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Гласањето помина без претходна расправа во пленарната сала, бидејќи дел од пријавените за збор или не беа во салата или се откажаа.

По завршувањето на конститутивната седница Собранието треба да ја одржи третата седница за избор на работни тела, а напладне да продолжи втората седница за избор на нова влада. Предлог одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија, е поднесена од пратениците Горан Мисовски, Ејуп Аљими и Илија Димовски. Седницата за избор на нова влада, што почна вчера, треба да заврши најдоцна до полноќ кога треба да се гласа за предложеното решение од мандатарот Зоран Заев со најмалку 61 глас.