Експлозија на бомба во дипломатскиот дел на Кабул

во дипломатскиот дел на Кабул експлодирал автомобил бомба, 31.05.2017.

Авганистанското министерство за внатрешни работи соопшти дека изутрината во дипломатскиот дел на Кабул експлодирал автомобил бомба. Според извори на здравствените власти, имало најмалку 80 мртви и над 350 ранети луѓе.

Се страхува дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Експлозијата се случила во квартот каде што се наоѓаат неколку амбасади и претседателската резиденција.

Досега никој не ја презеде одговорнста за нападот до кој доаѓа откако талибанците најавија дека покренуваат „пролетна офанзива“ врз авганистанските безбедносни сили.