Времето денеска: сончево и топло со мала облачност

Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната 27 до 32 степена. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура до 12, а дневната ќе достигне до 30 степени.