Вучиќ поднесе оставка од премиерската функција

Александар Вучиќ

Александар Вучиќ денеска на претседателката на српското Собрание, Маја Гојковиќ, и ја предал оставката од премиерската функција. Во образложението на оставката се наведува дека тоа го сторил затоа што стапува на функцијата, претседател на земјата. Собранието оставката ќе ја констатира утре на почетокот на посебна седница, на која Вучиќ ќе даде заклетва како нов шеф на државата.