Трамп на Твитер се пожали за трговскиот дефицит со Германија

Американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер се пожали за трговскиот дефицит на САД со Германија. Тој исто така упати предупредување до Германија дека земјата мора да издвојува повеќе пари за одбраната со цел да ја поддржи НАТО алијансата и порача дека ситуацијата мора да се промени.

„Имаме масивен трговски дефицит со Германија, плус тие далеку помалку плаќаат отколку што треба на НАТО и војската. Ова е многу лошо за САД и ова мора да се промени“, напиша Трамп на Твитер.

Коментарите на Трамп доаѓаат по критиките од Германија по неговото прво патување надвор од САД откако ја презема функцијата при кое присуствуваше на средба на НАТО во Брисел и на самитот на Г7 во Италија.

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека односите на нејзината земја со САД се од особена важност, но и дека Берлин мора да биде во корелација и со други клучни нации со цел да остварува напредок.