Путин на средба со Макрон во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин и францускиот претседател Емануел Макрон на средба во Версајскиот дворец во Париз. 29.05.2017

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во Версајскиот дворец во Париз на разговори со новиот француски претседател Емануел Макрон, кои можат да го постават тонот за врските меѓу Москва и Париз во годините што следуваат. Макрон го поздрави Путин, а двајцата лидери се ракуваа и разменија очигледни шеги и насмевки на црвениот тепих на влезот на поранешната кралска палата. Тие не прифатија прашања од новинарите. Средбата е прва меѓу двајцата лидери откако Макрон победи на изборите на 7 мај и доаѓа во услови кога билатералните односи меѓу двете земји остануваат затегнати.

Се очекува Макрон да ја продолжи политичката на неговиот претходник Франсоа Оланд. Тој го поддржа продолжувањето на санкциите кон Русија за преземањето на Полуостровот Крим во 2014 година и за поддршката на сепаратистите во источна Украина.