ОН - Над сто илјади раселени Авганистанци во 2017 година

Архива - Авганистанци раселени од градот Кундуз.

Повеќе од сто илјади Авганистанци се принудени да заминат од нивните домови поради војната во 2017 година, соопштија денеска Обединетите нации (ОН). Според податоците од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи (ОЦХА), од јануари годинава раселени се 103.229 луѓе, што значи намалување за 36 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Аналитичари на ОЦХА наведуваат неколку причини за намалување на бројката – некои од борбите продолжуваат во истите области како во минатата година, што значи дека многумина веќе побегнале. Второ, сиромаштијата е зголемена и некои луѓе немаат повеќе средства за да преселат големи семејства на други места, несигурноста се проширила на места кои претходно се сметале за безбедни.

Талибанците и милитантите на групата на Исламската држава (ИД) спроведоа бројни напади во Кабул, но и стотици цивили се убиени од почетокот на јануари.