САД го зголемуваат военото присуство околу Северна Кореа

Американскиот носач на авиони „Роналд Реган“, архивска снимка

САД испратиле уште еден носач на авиони како знак на јасно предупредување до Северна Кореа да се откаже од своите нуклеарни и балистички програми, потврдија два неименувани извори за Гласот на Америка. Носачот „Нимиц“ кој е еден од најголемите бродови во светот ќе им се придружи на претходните два „Карл Винсон“ и „Роналд Реган“ во Западниот Пацифик. САД многу ретко разместуваат заедно три носачи на авиони.