ИД ја презема одговорноста за нападот во Египет

Египет-остатоци од автобусот во кој се превезуваа коптските христијани, 26.05.2017

Милитантната група Исламска држава денеска соопшти дека нивните борци го извршиле нападот вчера врз египетските коптски христијани при што загинаа десетици луѓе.

“Безбедносниот оддел на Исламска држава го изврши вчерашниот напад во Минија, напаѓајќи го автобусот во кој беа Коптите и убивајќи 32 од нив” јавуваат медиумите кои важат за пропаганди алатки на Исламска држава.

Египетските власти соопштија дека нападот се случил кога христијаните патувале со абтобус кон манастирот кој се наоѓа околу 200 километри јужно од Каиро. Властите соопштија дека 29 луѓе загинале во нападот, а 13 се хоспитализирани.

Нападот, кој се случи непосредно пред почетокот на светиот муслимански месец Рамазан е четврти чија цел се христијани од декември досега.
Часови по инцидентот претседателот Абдел Фатах ал-Сиси објави дека Египет почнува со воздушни напади чија цел се бунтовничките кампови за обука во Либија.