Г7 на средба со лидерите од Африка

Итаија-Американскиот претседател Доналд Трамп со британската премиерка Тереза Меј на средбата на Г7, 26.05.2017

Лидерите на групата седум индустриски развиени земји се среќаваат со претседателите на земјите од Африка, на вториот и последен ден од нивниот состанок што се одржува во Сицилија.Лидерите на Етиопија, Кенија, Нигерија и Тунис се приклучија на Г7 денеска во градот Таормина. Повеќе од половина милион африкански мигранти го поминаа Средоземното море и пристигнаа во Италија од 2014 година досега во обид да пронајдат подобар живот во Европа.

Вчера лидерите на Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД побараа да се направи повеќе за борбата против тероризмот и ги повикаа интернет провајдерите и сопствениците на социјалните медиуми да ги зголемат своите напори а контрола на екстремистичките содржини. Тие исто така рекоа дека има согласност за неколку надворешно политички прашања меѓу кои Сирија, Либија и Северна Кореја.

Како и да е продолжија поделбите за климатските промени, а американскиот претседател Доналд Трамп на своите колеги од Г7 им кажал дека се уште нема одлучено дали да го поддржи договорот од 2015 година од Париз за намалување на емисиите на штетни гасови.