На Русија не и се допаѓа планот за зголемување на трошењата на НАТО

Архивска фотографија-постојаниот претставник на Русија во НАТО Александар Грушко

Рускиот амбасадор во НАТО забележува на планот на алијансата да се зголеми трошењето за воена опрема, наведувајќи дека американската воена индустрија ќе ги има првичните придобивки ако европските земји набавуваат повеќе оружје. Александар Грушко, кој е руски постојан претставник во НАТО, рече дека ако европјаните го прифатат американското барање и ги зголемат своите буџети за два отсто од БДП, тоа ќе значи дека нивното трошење ќе достигне околу 370 милијарди евра. Според него тоа е голема сума од која најголемиот дел ќе оди за купување американско оружје. Ваквите коментари дадени за телевизијата Русија-1 следуваат откако руското министерство за надворешни работи оцени дека односите меѓу “Русија и НАТО ја поминуваат најдлабоката криза по завршувањето на студената војна”.