Времето денеска со сончеви периоди

Илустрација

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне со повремен дожд, особено во крајните западни и во источните делови, на места проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 16 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура до 10, а дневната температура ќе достигне до 22 степена.