ОН повикаа на заштита на цивилите во Сирија

Жртва на напад во Сирија на 9 април, 2017.

Шефот за човекови права на ОН, Зеид Рас ал Хусеин ги повика денеска земјите кои спроведуваат воздушни напади во Сирија да направат разлика меѓу легитимните воени цели и цивилите. Според соопштението, тој ги посочува операциите чија цел се милитантите на Исламската држава во северна Сирија, при кои бил зголемен бројот на загинати и повредени лица. Тој посочува дека цивилите се жртва и на милитантите и на нивите противници.