Белата куќа ги преиспитува санкциите врз Русија

Од средбата на претседателот на САД Доналд Трамп со лидерите на ЕУ, Брисел, 25.05.2017.

Американската Бела куќа ги преиспитува санкциите врз Русија воведени од администрацијата на екс претседателот Барак Обама и засега нема позиција дали да ги задржи. Ова го изјави Гери Кон економски советник на Белата куќа, наведувајќи дека европските лидери го прашале претседателот Доналд Трамп дали планира да ги прошири санкциите врз Русија воведени во 2014 година по анексијата на украинскиот полустров Крим. „Претседателот има многу опции на разгледување“, изјави Кон пред денешниот состанок на Групата седум најразвиени земји на Сицилија.