Адимистрацијата на Трамп против блокадата на забраната за влез во САД

Министерот за правда на САД Џеф Сешонс

Американското Министертво за правда соопшти дека ќе се жали во Врховниот суд на вчерашната одлука за натамошно задржување на блокирањето на привремената забрана за влегување во САД на патници од седум главно муслимански земји. Министерот Џеф Сешонс изјави дека претседателот Трамп е уверен во законитоста на неговата наредба со цел да ја зачува безбедноста на земјата. Претходно Федералниот апелациски суд во Ричмонд, Вирџинија, пресуди дека забраната за влегување во САД „нејасно се повикува“ на национална безбедност, но оти нејзиниот контекст бил „полн со верска нетолеранција, непријателство и дискриминација“.