Иванов во Рим на „Македонија во чест на Свети Кирил“

Претседателот Ѓорге Иванов и државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин, Скопје, 18.03.2016.

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов престојува во Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Тој денеска ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Иванов вчера ја посети базиликата „Свети Климент“, каде што положи венец на гробот на Свети Кирил, а ја посети и базиликата „Сан Паоло“.