Трамп: нападот во Манчестер е варварски чин

Американскиот претседател Доналд Трамп говори во седиштето на НАТО во Брисел

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече бомбашкиот напад во Манчестер варварски чин против нашата цивилизација. Тој пред сојузниците во НАТО изјави дека има нова надеж оти земјите може да се обединат и да го поразат тероризмот. Говорејќи на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, Трамп и порача на британската премиерка Тереза Меј дека сите држави денеска тагуваат со нив, повикувајќи на минута молчење за жртвите и за семејствата погодени од „дивјачкиот“ напад.

Тој исто така рече дека протекувањето на информации од истрагата за нападот, во американски медиуми е "длабоко вознемирувачко" и "сериозна закана за нашата национална безбедност".