НАТО ќе учествува во анти-ИД коалицијата

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека членките на Алијансата ќе се согласат на денешниот состанок за учество на НАТО во коалицијата против Исламска Држава (ИД), но оти Алијансата нема да биде ангажирана во борбени операции. Ова ќе испрати силна политичка порака за посветеноста на НАТО на борбата против тероризмот, рече Столтенберг.

Тој додаде дека сојузот исто така ќе се согласи околу акциски план за подобра борба против тероризмот во Европа и наименува координатор за анти-теористички операции.