Хојт Ји: Балканските земји да се чуваат од руското влијание

Американскиот заменик помошник државен секретар Брајан Хојт Ји и српскиот премиер Александар Вучиќ, Белград, 24.05.2017.

Американскиот заменик помошник државен секретар Брајан Хојт Ји побара од земјите на Балканот да се чуваат од напорите на Русија да го зголеми нејзиното влијание во регионот и да ги поткопа нивните односи со Западот. „Секако и натаму се надеваме дека Русија ќе игра конструктивна улога на Балканот, како и во минатото, но мора сите да останеме претпазливи во врска со она што Русија се обидува да го прави“, изјави Хојт Ји по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ во Белград. Тој додаде дека Србија и другите балкански земји би требало да ги интензивираат реформите неопходни за влез во Европската унија.