Времето денеска: облачно со пообилни врнежи од дожд

Во Македонија ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови каде што се очекува и појава на грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 15 до 22 степена. Во Скопје слично време, променливо облачно и нестабилно, во попладневните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 22 степена.