Кина повика на нови разговори со Северна Кореа

Лидерот на Северна Кореа Ким Џонг Ун на лансирањето балистичка ракета, 21.05.2017.

Кинескиот амбасадор во Обединетите нации Лиу Џијеи изјави дека нуклеарните и ракетни проби од страна на Северна Кореа покажуваат на „многу голема“ потреба од нови разговори со Пјонгјанг заради намалување на тензиите. Тој додаде дека секој напредок за отсранување на нуклеарното оружје од Корејскиот полуостров дошол преку дијалог со Северна Кореа и оти сега тој е неопходен. САД, Британија и Франција бараат резолуција на ОН за воведување нови санкции врз Северна Кореа.