Во Британија максимално ниво на опасност од тероризам

Вооружени полицајци во Манчестер по нападот на бомбаш самоубиец, 23.05.2017.

Британија синоќа го подигна нивото опасност од тероризам на највисок степен. Премиерката Тереза Меј изјави дека нивото на опасност од тероризам е подигнато на „критично“ што значи дека е можен нов напад. Меј додаде дека бомбашот самоубиец Салман Абад кој во понеделникот уби 22 луѓе на концерт во Манчестер, можеби бил дел од поголема мрежа. Таа прецизира дека Абад бил роден и израснал во Британија. Нивото на опасност во земјата веќе неколку години беше на втор степен. Меј дополни дека максималниот степен значи оти вооружени војници би можело да бидат распоредувани на јавни настани, како например спортски натпревари.