Трамп ги повика Израелците и Палестинците да постигнат мир

Претседателот на САД Доналд Трамп за време на говорот во Музејот во Ерусалим. 23.05. 2017

Претседателот на САД Доналд Трамп ги повика Израелците и Палестинците да напраават компромис за мир, велејќи дека за време на неговата посета на Израел и на Западниот Брег и двете страни покажале подготвеност за тоа. Во денешниот говор во израелскиот Музеј во Ерусалим, Трамп потврди дека неговата одминистрација „секогаш ќе стои со Израел.“

Завршувајќи ја дводневната посета, Трамп рече дека неговите разговори со палестинскиот претседател Махмуд Абас го довеле да верува дека „Палестинците се подготвени за мир.“ Трамп изјави дека лично е посветен да им помогне на Израелците и Палестинците да постигнат мировен договор, но истакна и дека ракетите на Хамас и Хезболах се уште се лансираат врз израелски заедници и училишта.

Тој исто така повика на градење на меѓународна коалиција на партнери кои имаат иста цел – искоренување на екстремизмот и тероризмот.