Еврозоната, ММФ и Грција без договор за нов заем

Меѓународни финансиски претставници и грчката влада не успеаа да постигнат договор за ослободување на уште една транша од финансиската помош за Грција. Претходно е соопштено дека несогласување имало меѓу ММФ и министрите за финансии од еврозоната во врска со тоа дали на Грција да и биде отпишан дел од нејзиниот долг. Министрите од еврозоната изразија задоволство од пакетот економски реформи кои беа прифатени во Атина во минатата недела. Но, ММФ е на ставот дека отпишувањето на долгот е клучен услов за добивање на нова финансиска помош за земјата, оценувајќи дека сегашното ниво на задолжување е на неодржливо високо ниво. Грција се соочува со банкрот ако до јули на добие финансика помош.