СЈО со прес-конференција утре на пладне

Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство - СЈО.

Специјалното јавно обвинителство за утре на пладне најави прес-конференција. Настанот кратко без дополнителни детали беше објавен на фејсбук страна на СЈО. Засега не се знае што ќе биде темата на новата прес-конференција.

Кривичниот совет во меѓувреме ја одби жалбата на СЈО за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е осомничен во случајот „Труст“. Кочан претходно даде гаранција од речиси милион евра за да може да се брани од слобода.