Трамп пристигна во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Саудиска Арабија. Ова е негово прво патување надвор од земјата откако ја презема функцијата. Трамп придружуван од првата дама Меланија на аеродромот во Ријад беше пречекан од кралот Салман.

Тој денеска ќе оствари средба со лидерите на земјата и ќе присуствува на вечера со членовите на кралското семејство во палатата Мураба. Трамп утре ќе одржи говор на регионалниот самит во Rијад во чиј фокус ќе биде борбата против екстремистичките групи. По Саудиска Арабија, Трамп ќе ги посети Израел, Италија, Ватикан и Брисел.