Руски пратеници ги обвинија РСЕ и Гласот на Америка за мешање во руските избори

Русија-Леонид Левин,пратеник во руската Дума

Руските пратеници блиски до Кремљ ги обвинија руските сервиси на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка дека користеле пропаганда за да внесат забуна за време на минатогодишните парламентарни избори како дел, од како што ја нарекуваат, поширока американска кампања за влијание.

Обвинувањата дојдоа за време на денешната дебата во Думата за извештајот околу тоа дали двата сервиси, Радио Слободна Европа и Гласот на Америка како и американската приватна мрежа Си-ен-ен, се во согласност со руските закони. Леонид Левин, претседавачот со комитетот за информациска политика на руската Дума ги обвини двата сервиси за „ангажирање во пропаганда и внесување конфузија во рускиот изборен процес“ за време на парламентарните избори што се одржаа во септември 2016 година. Левин рече дека тоа било дел од пошироката американска кампања за влијание во која биле вклучени и невладини организации.

Јоана Левинсон, директор во Слободна Европа за односи со јавноста нагласи дека РСЕ е медиумска организација со независна уредувачка политика која јавува вести на вистински и објективен начин.