Алфано- се надеваме на скоро формирање влада посветена на реформите

Архивска фотографија-министер за надворешни работи на Италија Анџелино Алфано

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија Анџелино Алфано ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев и смета дека тоа е важен чекор за решавање на политичката криза. Очекува наскоро формирање влада.

"Ја ценам одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, да му го довери мандатот за формирање на новата извршна власт на Зоран Заев. Се работи за важен обид кој има за цел решавање на сегашната, тешка политичка криза. Се надеваме дека во Скопје наскоро ќе се формира нова влада поддржана од страна на парламентарното мнозинство и посветена на донесувањето на суштинските внатрешни реформи за брзо обновување на европскиот и евро-атлатнскиот пат на земјата" пишува Алфано.

Во писмената изјава на министерот за надворешни работи се наведува дека и земјата ќе може да продолжи да смета на поддршката од Италија, која е актуелен претседавач на Процесот на Западен Балкан, вели во писмената изјава италијанскиот минитер за надворешни работи.