Тодоров – Издејствувавме гаранции за унитарноста

Прес-конференција на Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот отпор на ВМРО-ДПМНЕ и долготрајните масовни протести на граѓаните резултираа со неопходните гаранции дека нема да се наруши унитарниот карактер на мултиетничка Македонија, рече Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, откако претседателот Ѓорге Иванов му го даде мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Огромен придонес во тоа имаше и претседателот Иванов, рече Тодоров.

„Ако Заев порано собереше храброст и порано се оградеше од Тиранската платформа, Република Македонија не мораше да ги минува и овие месеци во политичка криза“, рече тој.

Тодоров повтори дека се потребни нови предвремени парламентарни избори.