СДСМ: Груевски да престане со лицитирање датуми

СДСМ

СДСМ излегоа со соопштение во кое посочуваат дека Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат со лицитирање датуми, и со деструктивни политики со кои, како што наведуваат, го закочија процесот на формирање влада, и ги оставија и граѓаните без градоначалници и советници, а луѓе без плати и општински услуги.

Ќе има нова реформска Влада и ќе има локални избори.Сите потребни чекори се прават во насока на продолжување на демократските процеси како врвен граѓански и државен интерес, се наведува во соопштението.

Од СДСМ, велат дека очекуваат Иванов и ВМРО-ДПМНЕ да постапат конструктивно и да ги поддржат демократските процеси.

Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски апелираше на 15 октомври заедно со локалните избори да се одржат и предвремени парламентарни избори