Меркел и Макрон ќе соработуваат при реформата на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, Берлин, 15.05.2017.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон во Берлин ветија дека длабоко ќе соработуваат во изработка на план за реформа на Европската унија. Тие исто така изразија подготвеност за измена на европските договори доколку има потреба од тоа. Макрон во прва посета како претседател на Франција престојуваше во Германија при што изјави дека е за „историско преобликување на Европа наспроти популизмот. „Реакцијата на таа појава може да се оствари само преку историско преобликување на Европа“. Рече тој. „Секој од нас ги претставува интересите на својата земја, но интересите на Германија природно се блиску поврзани со интересите на Франција“, рече Меркел.