Трамп обвинет дека му открил тајни информации за ИС на Лавров

Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Вашингтон, 10.05.2017.

Американските медиуми јавуваат дека претседателот Доналд Трамп му открил многу доверливи информации на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за време на нивната средба во Вашингтон во минатата недела. Со тоа, како што се наведува, тој го загрозил разузнавачкиот извор за милитантите на Исламската држава. Белата куќа веднаш ги отфрли обвинувањата кои беа објавени од Ројтерс, „Вашингтон пост“ и други медиуми. Но, демократите и некои републиканци во Конгресот евентуалниот потег на Трамп го оценија како „опасен и несовесен“. Медиумите, цитирајќи анонимен извор, јавија дека Трамп на состанокот со Лавров и со рускиот амбасадор Сергеј Кислијак соопштил многу чувствителна разузнавачка информација во врска со заканата од ИД поврзана со употребата на лаптоп компјутери во авионите.