Шулц го призна поразот на изборите во Северна Рајна Всетфалија

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија Мартин Шулц

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија Мартин Шулц призна дека неговата партија вчера доживеала „жесток пораз“ на регионалните избори во најнаселената сојузна држава Северна Рајна Ветфалија. Христијанско демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел освои 34,5 насто, додека Социјалдемократската партија 30,5 насто од гласовите. Тоа е најлош резултат за социјалдемократите кои од 1966 година се на власт во Северна Рајна Вестфалија. Регионалните избори во оваа германска држава беа клучен тест за Меркел пред парламентарните избори во Германија во септември годинава.