Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи. Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.