Временска прогноза - Сончев и топол ден

Центарот на Скопје.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Дневната температура ќе се движи од 19 до 31 степени.

Во Скопје температурата ќе достигне до 29 степени.

Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник на места ќе има врнежи од дожд кој локално ќе биде пороен со грмежи, особено на југоисток. Повеќе врнежи и на повеќе места ќе има и во среда. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.