Азербејџански суд го блокира интернет пристапот до Радио Слободна Европа

Судот кој донесе одлука со која се блокира пристапот до интернет страна на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Судот во Азербејџан денеска донесе одлука со која се блокира пристапот до интернет страна на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа. Окружниот судот во дистриктот Сабаил пресуди денеска дека треба да им се исполни барањето на Министерството за транспорт и врски за блокирање на пристап до 5 интернет страни на пет медиуми кои се критички настроени кон власта, меѓу кои и до страната на Радио Слободна Европа. Според инструкциите на Канцеларијата на генералниот обвинител, пристапот до нив е блокиран, затоа што обвинителството смета дека тие „претставувале закана “ за националната безбедност на Азербејџан.

Ваквата одлука следува откако на интернет страната на азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа беа објавени истражувачки стории кои се однесуваат на сомнителни финансиски активности на семејството на претседателот Илхам Алијев.

Станува збор за истражувања кои се спроведени во соработка со OCCRP, организација чие седиште е во Сараево.

Претседателот на Радио Слободна Европа Томас Кент акцијата на министерството за транспорт и врски ја нарече „бесрамна цензура која е наменета за заплашување на независни медиуми, и што покажува основен презир кон основните човекови права и меѓународните конвенции.“