Иранските претседателски кандидати ќе се соочат на ТВ дебата

Претседателските кандидати на ТВ дебата во Иран

На денешната телевизиска дебата која ќе биде пренесувана во живо ќе учествуваат сите шест кандидати за претседател на Иран. Ова ќе биде последна од трите предвидени дебати чии фокус ќе биде економијата. Претседателот Хасан Рохани се кандидира по втор пат. Неговите конзервативни ривали свештеникот Ебрахим Раиси и досегашниот градоначалник на Техеран Мохамед Багер Ќалибаф досега го критикуваа за економските политики.

Од друга страна, Рохани евоите економски политики ги бранеше обвинувајќи ги неговите политички противници на заведување на гласачкото тело со нереални ветувања. Телевизиските дебати за претседателските изборни кампањи до сега беа два пати оддржани, во 2009 и 2013 година.