Ердоган се надева на подобрување на односите со САД

Архивска фотографија, Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата претстојната посета на Вашингтон „ќе постави камен темелник“ за нов почеток на односите на Турција и САД, двата НАТО сојузници.

Ердоган, исто така, се надева и дека разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп ќе влијае на одлуката на САД за вооружување на курдските бунтовници во Сирија.

Белата куќа претходно соопшти дека Ердоган и Трамп ќе се сретнат на 16 мај. Посетата на Ердоган на САД доаѓа неколку недели по референдуот за уставни реформи, со кои се зголемуваат овластувањата на претседателот.