Успешна операција на авганистанските сили против талибанците

Авганистански безбедносни сили

Авганистанските безбедносни сили ја преземале контролата врз североисточниот регион во земјата од талибанците, соопшти министерството за одбрана. Според генералот Џалал Јафти во дводневната операција биле убиени 35 милитанти. Нема информации за повредени припадници на владините сили. Талибанците ја започнаа пролетната офанзива во минатиот месец најавувајќи напади низ целата земја.