Ахмети: сметам дека Иванов ќе го даде мандатот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар изјави дека е значајно е сите политички партии да постигнат договор околу локалните избори, односно да се постигне договор околу промената на Изборниот законик и датумот за одржување на локалните избори. „Разговаравме и околу гаранциите кои што Иванов ги бара за давање на мандатот, околу територијалниот интегритет и уставниот поредок на Македонија. Неколку пати сум кажал дека се залагам за унитарниот карактер на Македонија, почитување на Уставот и ја сметам Македонија за моја држава, за наша држава,“ изјави Ахмети. Тој уште еднаш ја изрази поддршката на ДУИ за лидерот на СДСМ, Зоран Заев за да оди кај претседателот Ѓорге Иванов и со програмата на владата да ја гарантира унитарноста на државата. „Ние не сме за театар ниту за холивудски филм, туку да се однесе гаранцијата од сите страни. Сметам дека Иванов ќе го даде мандатот и не сакам да бидам скептичен,“ додаде Ахмети.