Трамп го брани отпуштањето на директорот на ФБИ

Претседателот на САД, Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ја бранеше својата одлука за отпуштање на директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој ја водеше истрагата во врска со наводната руска вмешаност во претседателската кампања лани и можниот дослух на Москва со изборниот штаб на Трамп . Во серија на твитови Трамп напиша дека Коми "ќе биде заменет од некој кој значително подобро ќе работи, и ќе го врати духот и престижот на ФБИ". Претставници на Министерството за правда рекоа дека пронаоѓањето на привремен директор на ФБИ е во тек.