Тилерсон и Лавров разговараа во Белата куќа

Министерот за надворешни работи на Русија,Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се состана со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, на разговори за Сирија, Украина, како и за други меѓународни прашања. До разговорите на Лавров, со неговиот американски колега дојде само неколку часа пред закажаниот состанок на рускиот дипломат со претседателот Доналд Трамп. Тилерсон рече дека состанокот бил шанса за "продолжување на нивниот дијалог и размената на ставови", по неговата посета на Москва минатиот месец. Во тоа време, Тилерсон рече дека односите со Русија е потребно да бидат повторно изградени. Состанокот на Лавров со Трамп ќе биде прва средба на Трамп со висок официјален претставник на Русија откако ја презеде функцијата и во сенка на сомневањата дека Москва се мешала во претседателските избори. До состанокот, исто така, доаѓа еден ден откако Трамп го отпушти директорот на ФБИ ЏејмсКоми, кој ја водеше истрагата во врска со наводната руска вмешаност во претседателската кампања лани и можниот дослух на Москва со изборниот штаб на Трамп. На прашањето на новинарите за отпуштањето на Коми , Лавров реагираше саркастично, велејќи: "Дали тој отпуштен? Вие си шегувате . Вие си шегувате." Потоа тој замавна со раката и излезе од собата заедно Тилерсон.