Турција: Oдлуката за вооружување на курдските борци е "неприфатлива"

Вицепремиерот на Турција Нуратин Чаникли

Одлуката на САД да ги вооружува курдските борци да се борат против Исламската држава во Сирија за Турција е неприфатлива. Вицепремиерот Нуретин Чаникли изјави дека Анкара се надева дека САД ќе стави крај на својата политика за поддршка на групата Народна заштита единиц. "Ние не можеме да го прифатиме присуството на терористички организации зашто тоа ќе ја загрози иднината на турската држава", изјави Чанакли за медиумите.

До неговиот коментар доаѓа откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ги вооружува курдските борци во Сирија „колку што ќе биде потребно“ со цел да ја преземат контролата од екстремистите во важниот град Рака. Вашингтон оценува дека Рака треба да биде преземена што е можно побргу, бидејќи претставува клучно упориште на милитантите на Исламската држава не само во Сирија, туку и на оперативците кои планираат напади на Запад.