Трамп одобри вооружување на курдите во Сирија

Курдски борци во Сирија, 25.04.2017.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ќе ги вооружува курдските борци во Сирија „колку што ќе биде потребно“ со цел да ја преземат контролата од екстремистите во важниот град Рака. До овој потег доаѓа и покрај жестокото противење на Турција која курдите ги смета за терористи. Вашингтон оценува дека Рака треба да биде преземена што е можно побргу, бидејќи претставува клучно упориште на милитантите на Исламската држава не само во Сирија, туку и на оперативците кои планираат напади на Запад.