Трамп го отпушти директорот на ФБИ Коми

директорот на Федералното истражно биро Џејмс Коми

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти директорот на Федералното истражно биро Џејмс Коми, човекот кој ја водеше агенцијата што ги истражува врските на неговиот изборен штаб со Русија. Како причина за отпуштањето се наведува дека Коми водел погрешна истрага во врска со мејловите на претседателскиот кандидат на Демократската партија Хилари Клинтон. Во образложенито се наведува дека поради тоа и министерот за правда Џеф Сешонс и неговиот заменик Род Росенстајн препорачале Коми да биде отпуштен. Во писмото до Коми, претседателот Трамп наведува дека тој не може ефикасно да го води Бирото.