Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој вдолж Повардарието ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од пет до 12 степени, а дневната температура ќе се движи од 10 до 23 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температрура до 11, а дневната ќе достигне до 18 степени.