Тилерсон и Лавров ќе се сретнат во Вашингтон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и рускиот министер за надворешни работи ќе се сретнат во Вашингтон на 10 мај за да дискутираат главно за конфликтите во Украина и во Сирија, но и за други билатерални прашања. Стејт департментот денеска преку соопштение информираше за планираната средба, наведувајќи дека дипломатите ќе дискутираат за потребата од прекинување на насилствата во источна Украина и разрешување на конфликтот преку целосно спроведување на мировниот договор, познат како договорот од Минск.

Во него пишува и дека Тилерсон ќе разговара и за напорите за намалување на насилството, обезбедувањето на хуманитарна помош за сириските граѓани и за создавањето услови за политичко решение на конфликтот во Сирија. Руската државна агенција РИА новости го цитира руското министерство за надворешни работи дека ја потврдило средбата.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано во рамки на неговата минатогодишна претседателска кампања повторуваше дека ќе сака да ги подобри односите со Русија.