ОЈО - Постапка за двајца учесници во нередите во Собранието

Архива - Основно јавно обвинителство во Скопје.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) поведе постапка за уште две лица инволвирани во нередите во Собранието на 27 април оваа година, откако Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе две кривични пријави против нив за учество во толпа што ќе изврши кривично дело според член 385 од Кривичниот законик, соопштуваат од ОЈО.

За едно лице надлежниот јавен обвинител определил мерки за претпазливост, велат од Обвинителството, откако ја утврдил правната квалификација во услови на обемна медицинска документација за здравствената состојба на осомничениот. Обвинителот определил забрана за напуштање на живеалиште, одземање на патна исправа, забрана за приближување на место каде се одржува протест во растојание од 500 метри и забрана за приближување кон лицата кои се оштетени воовој настан, соопштува ОЈО.

Како што е наведено за другото лице против кое е поднесена кривична пријава судот определил мерка куќен притвор во траење од осум дена. Обвинителите според доказите ја прифатиле правната квалификација за сторено кривично дело и до судиите на претходна постапка доставиле предолог за определување мерка на обезбедување, а Судот го определил куќниот притвор, се вели во соопштението.