Реакција на ВМРО-ДПМНЕ за изјавата на Заев за судството

Архива - Седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција соопшти дека лидерот на СДСМ Зоран Заев со најавите за реизбор на судии сакал да ги покрие отстапките на штета на државата и националните интереси кои ја редефинираат Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат: „СДС еднаш веќе го имаше унакажено и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, велат од ВМРО-ДПМНЕ додавејќи дека тогаш судството го допрело дното, а сега Заев сака да го реализира истото сценарио и да се спаси од одговорнст за криминалите што ги правел, велат од партијата.