Илјадници бегаат од борбите во Кундуз

Архива - Место во градот Кундуз каде се случил инцидент. 23.03.2017

Илјадници Авганистанци избегаа од борбите меѓу авганистанските сили и талибанските милитанти во североисточната провинција Кундуз, откако групта ја зазема клучната област по почнувањето на нејзината пролетна офанзива минатиот месец, соопшти денеска Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ). Вчера Талибанците ја заземаа областа Кала-и-Зал, западно од Кундуз. НРЦ вели дека Авганистанци исто така бегаат од од областа Ханабад. Во песледните 18 месеци талибанските борци два пати во кратки периоди го заземаа центарот на градот Кундуз.